Нанели потпиша за Џеџијанг Голден Булс во Кина

Џејмс Нанели се враќа во кинеската кошарка, откако потпиша за Џеџијанг Голден Булс.

За американското крило ова ќе биде трет клуб во Кина, претходно настапуваше за Шангај Шаркс и Џеџијанг Лајонс.

Нанели пристигнува во Кина по една сезона во грчки АЕК, со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите на ФИБА.

Во борбата за трофејот против литвански Ритас постигна 23 поени, но неговиот тим загуби со 92:86.