Браќата Нурмагомедови по само неколку дена се пуштени на слобода

Браќата Усман и Умар Нурмагомедов повторно се на слобода, само неколку дена откако беа осудени на шест месеци затвор поради учество во тепачката со Мераб Двалишвили во Абу Даби.
Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е преиначена. Наместо затворска казна, секој од нив ќе мора да плати по 150.000 дирхами, односно околу 41.000 долари.
До промената на одлуката дошло по помирувањето на инволвираните страни, повлекувањето на тужбените барања и барањето на оштетените обвинетите да бидат ослободени. Според информациите на медиумите, Двалишвили и неговиот сонародник Саба Лазишвили не инсистирале на продолжување на кривичната постапка.
Инцидентот се случи на 11 ноември во еден хотел, каде што Двалишвили престојуваше поради медиумските активности пред настанот на РАФ.