Струмица немоќна и во вториот дуел против финска Валена

Македонскиот тим Струмица не успеа да го одбрани домашниот терен во одбојкарскиот Челинџ Куп на ЦЕВ.

Во вториот дуел, исто како и на првата средба, тимот загуби од Валепа од Финска во три сета  со резултат по сетови 23-25, 20-25 и 15-25.

Роланд Џексон Флорез беше најдобар кај финскиот тим со 13 поени, а Урпо Сивула освои осум поени, додека кај Струмица, Тејлор Трип имаше девет, пред Кристијан Илијев со седум постигнати поени.