Мика Лехкосуо e нов селектор на Финска

Фудбалската репрезентација на Финска има нов селектор. На функцијата е именуван 56-годишниот Мика Лехкосуо, кој со Фудбалската федерација на Финска потпиша петгодишен договор.
Лехкосуо официјално ќе ја преземе сениорската репрезентација на 1 јануари 2027 година, кога ќе го наследи Данецот Јакоб Фрис, со кого Финците одлучија да ја прекинат соработката.
Новиот селектор во изминатите три години ја предводеше младата репрезентација на Финска до 21 година и оствари одлични резултати. Со оваа селекција успеа да обезбеди пласман на Европското првенство, и тоа преку баражот. Финска ќе биде дел од континенталниот собир следното лето, кој ќе се одржи во Србија и Албанија.
Промената на селекторската позиција доаѓа по разочарувачките резултати на сениорската репрезентација. Фрис ја предводеше Финска на вкупно 20 натпревари, на кои забележа осум победи, три нерешени средби и девет порази.
Особено разочарувачки беше настапот во Лигата на нации, каде што Финска заврши на третото место во групата Ц1 и не успеа да избори пласман во повисокиот ранг.