Интер го сака Алисон на голот

Интер веќе размислува за засилување на голманската позиција за следната сезона, а едно од најзвучните имиња на списокот е Алисон Бекер од Ливерпул.

Според информациите на италијанските медиуми, „нероаѕурите“ сериозно ја разгледуваат можноста да го доведат бразилскиот репрезентативец без обештетување, доколку тој не го продолжи договорот со англискиот клуб.

Во Интер сметаат дека 34-годишниот голман би бил идеално решение, особено поради искуството што го поседува. Алисон веќе девет сезони го носи дресот на Ливерпул, а претходно настапуваше и за Рома, па одлично го познава италијанскиот фудбал.

Причината за интересот е и незадоволството од настапите на Жозеп Мартинес, кој ја доби улогата на прв голман по заминувањето на Јан Зомер. Шпанецот досега не ги исполнил целосно очекувањата, па тренерот Кристијан Киву и раководството размислуваат за посигурно решение.