Румениге: Мусиала повеќе нема да биде оној истиот

Иднината на Џамал Мусијла во Баерн Минхен би можела да донесе неочекувани промени, откако Карл-Хајнц Румениге јавно ги изрази сомнежите околу можноста германскиот репрезентативец повторно да го достигне своето најдобро ниво.

По ремито 1-1 против Келн, членот на надзорниот одбор на Баерн зборуваше за ситуацијата со 23-годишниот фудбалер, кој неодамна се врати на терените по пауза поради повреда.

Румениге смета дека клубот мора да размислува и за финансиската страна доколку Мусиaла не успее да се врати на нивото што го покажа во претходните сезони.

„Познато е дека има здравствен проблем, а исто така е познато дека има договор со навистина високи финансиски услови. Сметам дека е одговорно и сосема нормално еден клуб да размислува како да се справи со таква ситуација“, изјави Румениге.

Тој не ја исклучи можноста Баерн да разговара со фудбалерот, неговото семејство и агентите за евентуално прилагодување на финансиските услови.

„Она што го знаеме, за жал, укажува дека ќе му биде тешко да се врати на нивото што толку често го покажуваше на овој стадион. Затоа ќе мора да разговараме со играчот, неговото семејство, а пред сè со неговата агенција, бидејќи во таков случај тие суми веќе не би биле оправдани“, додаде Румениге.

Германецот зборуваше и за можноста Мусиала да го напушти клубот, но смета дека таквото сценарио во моментов не е реално.

„Не можам да замислам дека Џамал сака да го напушти клубот, ниту дека некој друг клуб би го купил под овие околности. Сите сакаме да се врати во најдобрата форма, но што ако тоа не се случи? Тогаш сепак ќе мора да размислуваме и за финансиската страна“, порача Румениге.