Меси ризикуваше црвен картон, Интер Мајами поразен на стартот на плеј-офот

Интер Мајами доживеа дебакл во првиот осминафинален меч против Колумбус Кру, актуелниот шампион загуби со 0-3, а во центарот на вниманието беше Меси, но не по нешто добро.

Во финишот од првиот дел Меси намерно со топка го удри Тапија во лицето. Еднаш го удри додека ја имаше топката во рацете, а потоа ја фрли силно во него.

За вакво насилно однесување друг фудбалери сигурно ќе добиеше црвен картон, но Меси е главна ѕвезда во МЛС, па Американците не сакаа да го налутат со суспензија за следниот меч кој може да биде клучен за сезоната.