Почетино го сака Нико Паз во Јунајтед

Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го доведе Нико Паз (22), аргентинскиот репрезентативец, играч на Комо, тврди „Атлетик“. Англискиот гигант го гледа Аргентинецот како потенцијален наследник на капитенот Бруно Фернандеш.
Според новинарот Дејвид Орнштајн, Паз во моментов не ја разгледува опцијата да се врати во Реал Мадрид, од каде што пристигна во Комо во 2024 година. Приоритет на Аргентинецот е клуб каде што ќе има важна улога и ќе игра редовно, а во моментов нема таква гаранција во Мадрид.
Наредното лето, Реал има можност да го врати Паз за 80 милиони евра, но неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“ веќе не е толку веројатно како што изгледаше до неодамна.
Иако Манчестер Јунајтед не е прв избор на Паз, Орнштајн наведува дека Аргентинецот е привлечен од проектот и големината на англискиот клуб.
Важен фактор во донесувањето одлука би можел да биде пласманот на Јунајтед во Лигата на шампионите, а фактот дека Паз и новиот тренер Маурисио Покетино имаат исти менаџери е исто така во корист на англискиот клуб.
Интересот на Јунајтед за Паз во голема мера зависи од иднината на Бруно Фернандеш. Аргентинскиот репрезентативец е на списокот на играчи што клубот би размислил да ги доведе во случај на заминување на португалскиот играч од средниот ред.