Дебакл на Јунајтед: Домашен пораз со 0-4 од Брентфорд

Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата продолжи со денешниот пораз од Брентфорд со 0-4 на „Олд Трафорд“.

За Јунајтед ова беше десетти последователен натпревар без победа и по 12. премиерлигашко коло е претпоследен на табелата.

По поразот од Ливерпул со 0-4минатиот викенд на дебито на Маурисио Покетино на клупата на Јунјатед, денеска следеше уште една катастрофа пред домашните навивачи.

Првите два гола за Брентфорд во првото полувреме ги постигна Вилсон (19, 32), а во последните моменти од дуелот Ајер (82) и Шаде (90+1) го поставија конечниот резултат.

Јунајтед е претпоследен на табелата со осум бодови, а ќе го допре дното доколку последно пласираниот Кристал Палас утре победи на домашен терен против Хал. (