Евротип предлог тикет – Сабота 23.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 73 коефициент:
Монако – Олимпик Марсеј | 0-2
Иако е во криза, Олимпик Марсеј знае како се играат дерби натпревари и не верувам дека ќе го промашат пристапот. Предвидувам тежок и тврд натпревар, со мал број на голови.
Рома – Специја | 1-1
Елиминацијата во Купот на Италија е рана за „волчицата“, а Специја игра отворен фудбал со секој ривал. Затоа пет дена по победата од 2-4 на „Олимпико“, екипата на Стропа доаѓа во Рим, а таму ќе наиде на поквалитетен и помотивиран ривал отколку во Купот.
Мајнџ 05 – РБ Лајпциг | 2, 3+
Не им е лесно на фудбалерите на Мајнц 05, со четири сменети тренери во сезоната да фатат ритам. На гости им доаѓа еден од најдобрите тимови во лигата, па секој друг резултат освен победа на тимот на Нагелсман ќе биде изненадување.
Севиља – Кадиз | 1, 1+ПП&1+ВП
Иако игра неубедливо Севиља ретко губи бодови против таканаречените мали екипи. Затоа на Кадиз не му се пишува добро на „Санчез Писхуан“. Тимот на Лопетеги ја бара формата пред враќањето на Лигата на шампионите, па очекувам лесна победа.
Хуеска – Виљареал | 2, +3
Најслабата екипа во лигата го смени тренерот, а на гости им доаѓа еден од технички најдобрите тимови во лигата. Нема дилема дека победа на Виљареал е тип на кој многумина би се обложиле. Очекувам и натпревар со многу голови од двете страни.