Примирје меѓу Един Џеко и Рома
Пауло Фонсека, наводно, му простил на капитенот Един Џеко, кој утрово се вратил на тренинг со остатокот од тимот и може да се врати во составот на Рома за мечот против Јувентус.
„Ил Месаџеро“ пишува за важна пресвртна точка за „волчицата“ и први чекори кон помирувањето меѓу Џеко и Фонсека. Весникот открива дека Босанецот се вратил на тренинг по 10 дена надвор од тимот, официјално поради повреда.
Утрово, Џеко тренираше со играчите кои не играа против Верона во неделата. Тој веројатно ќе биде повикан за дерби натпреварот против „старата дама“ во сабота, но се очекува да биде само резерва.