Рафа Бенитез се врати во Европа, ќе се обиде да го спаси великанот!
Како што е веќе познато, Андре Виљаш Боаш веќе не е тренер на Олимпик Марсеј, Португалецот најпрво ја понуди својата оставка и истата беше одбиена, а потоа прифатена по неколку часа.
Французите имаат три порази по ред во Лига 1, паднаа на деветтото место. Во меѓувреме, Маурицио Сари ја одби можноста да се врати на клупата, италијанецот не сака да преземе тим на средината од сезоната по завршувањето на трансфер периодот.
Француските медиуми пишуваат дека претставниците на Олимпик Марсеј стапија во контакт со Рафа Бенитез, а наводно шпанскиот стратег даде зелено светло.
Бенитез ја напушти Кина по освојувањето на Купот со Далијан, кој го водеше две години, а доаѓа во токсична и запаллива атмосфера.
Останува да видиме, колку ќе трае „епизодата“ на Рафа доколку го прифати овој предизвик.