Коронавирусот прави уште поголеми проблеми за Наполи
Двајца дефанзивци на италијанскиот прволигаш Наполи, Калиду Кулибали и Фаузи Гулам се позитивни на коронавирус, објави италијанскиот клуб. Двајцата фудбалери, кои се без симптоми и се наоѓаат во изолација, па ќе го пропуштат гостувањето на Наполи вечерва кај Џенова во рамки на 21. коло од Серија А. Исто така, под знак прашање е и нивниот настап на двата важни натпревари идната недела, најпрво во среда во Бергамо во реваншот од полуфиналето на италијанскиот Куп против Аталанта, а потоа на 13. февруари дома против Јувентус во италијанското првенство. Наполи е и без напаѓачот Дрис Мертенс, кој се наоѓа во Белгија каде се опоравува од повредата на скочниот зглоб.