Два европски гиганти го сакаат Мануел Локатели

Манчестер Сити се вклучил во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели. Италијанецот кариерата ја започна во Милан, важеше за голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.
Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Локатели е голема желба на Андреа Пирло, кој се обидува да го донесе во Јувентус, но сега доби силна конкуренција.
Манчестер Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе Италијанецот на „Етихад“, па веќе спремиле понуда од 40 милиони евра.