Вториот најдобар стрелец во Франција бира помеѓу Барса и Јуве

Мемфис Депај, напаѓачот на Лион и во моментот втор стрелец во француското првенство, веќе некое време го договара својот трансфер во Барселона, каде повторно би работел заедно со Роналд Куман, со кого соработуваше во холандската репрезентација.
Депај сезонава постигна 18 погодоци за Лион, со кој има договор до крајот на оваа сезона. Неговите контакти со Барселона се во тек уште од минатата година, а финансиската криза е причина што каталонскиот клуб сега нуди двојно помалку од она што го нудеше минатата година.
Депај и Барселона веќе имаа неколку состаноци на темата негово доаѓање во клубот, но сега се замеша и Јувентус, кој исто така има желба да го доведе. Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Алваро Мората би можеле да го напуштат клубот од Торино на крајот од сезонава, а Јувентус е во потрага по играчи кои би замениле некој од овие тројца.
Холандскиот напаѓач би можел да пристигне бесплатно, што е прилика која би сакале да ја искористат и во се уште актуелниот италијански првак.