Гвардиола: Ќе откријам една тајна за Агуеро
Манчестер Сити ја прослави титулата во англиското првенство со убедлива победа од 5:0 против Евертон. Серхио Агуеро постигна два погодоци и во последниот лигашки натпревар за Сити го сруши рекордот на Вејн Руни со 184 премиерлигашки погодоци за еден клуб. Договорот на аргентинецот истекува по крајот на сезоната и тој го напушта клубот како слободен играч. Медиумските шпекулации веќе подолг период го селат во Барселона, а Гвардиола по натпреварот доста емотивно говореше за својот напаѓач и практично ги потврди гласините. „Можеби ќе откријам тајна, можеби е блиску до договор со клубот на моето срце, со Барселона.“ – вели Пеп во разговор за Би-Би-Си. „Ќе игра со најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси. Сигурен сум дека ќе ужива, а можеби и Барселона со него на теренот ќе биде се подобра и подобра.“ – додаде Гвардиола.