Англија пишува фудбалска историја!
Во 157 години долгата историја, Деби Хјуит ќе стане првата дама на чело на англиската фудбалска асоцијација.
Хјуит, која моментално работи на позицијата директор на Виза Европа, како и БГЛ групацијата, едногласно е номинирана за функцијата од страна на одборот на ФА, а на позицијата ќе дојде од јануари 2022. година.
„Воодушевена сум од номинацијата за позицијата во федерацијата. Како што покажуваат случувањата од претходните месеци, ова е важен момент за англискиот фудбал. Желбата на сите во ФА е да се осигура долготрајно функционирање на сите нивоа. Страствено го следам фудбалот од својата рана младост и возбудена сум поради приликата да го дадам својот допринос во обликувањето на иднината на нешто што толку ми значи, како и на многу други.“– вели Хјуит.
Претходниот претседател Грег Кларк поднесе оставка, поради користење, како што кажа, на неприфатливи зборови.
Кларк говорејќи пред парламентот на Обединетото Кралство го користеше зборот обоени, говорејќи за темнокожите, азијатите и фудбалерите од помалите етнички заедници, критикуван е и поради своите коментари за луѓето од јужна Азија, како и ставот дека геј фудбалерите се исто што и жените фудбалерки.