Договорот постигнат, Донарума во ПСЖ до 2026 година
Џанлуиџи Донарума потпиша договор со ПСЖ. Ова на Твитер го објави новинарот Фабрицио Романо.
Според изворот, договорот е со важност до 2026 година, лекарскиот преглед на голманот на италијанската репрезентација ќе се одржи по мечот на ЕП 2020 со Швајцарија, закажан за 16 јуни. Објавено е дека Донарума ќе остане во ПСЖ и нема да замине на позајмица. Тој ќе се бори за местото број еден на голманската позиција со Кејлор Навас.
Донарума имаше 48 настапи за Милан во сезоната 2020/21, од кои 15 ги заврши без примен гол. Голманот ќе го напушти италијанскиот клуб како слободен агент, неговиот договор важи до крајот на јуни 2021 година.
Донарума веќе е прв голман на италијанската репрезентација, а беше интересен за Барселона, Јувентус, Рома, Челзи, Тотенхем и ПСЖ. Исто така беше објавено дека парискиот клуб му понудил на италијанскиот голман плата од 12 милиони евра годишно.