Вилшир: Сити пак ќе биде шампион, а Јунајтед вицешампион
Џек Вилшир одново е без клуб откако му заврши краткиот престој во Бурнмаут и сигурно ќе се обиде да си пронајде нова средина до крајот на летниот преоден рок, период во кој се очекува да видиме и последен притисок од страна на најголемите англиски клубови во обидот да дојдат до посакуваните засилувања.
Поранешниот играч за врска на Арсенал смета дека тимот на Микел Артета ќе заврши петти, а додава дека европскиот шампион Челси одново ќе остане покус во домашното првенство.
„Манчестер Сити ќе ја освои титулата. Претпочитам тоа да го направи Манчестер Јунајтед, но сметам дека тие ќе останат само втори. Челси ќе биде трет, Ливерпул четврт, Арсенал петти, а Лестер шести“.