Дејвис и Коман заздравија од повредите и се приклучија кон стројот на Нагелсман
Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман денеска се приклучија на Баерн Минхен откако се опоравија од повредите.
Дејвис ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб на натпреварот од Голд купот кон средината на јули, а Коман се подготвуваше индивидуално по повредата на реброто што ја заработи за време на пријателскиот натпревар против Наполи.
Баерн ќе ја брани титулата во Бундеслигата од петок кога игра против Борусија (Менхенгладбах), а официјалниот деби н аклупата на Баварците ќе го има тренерот Јулијан Нагелсман.
Тренерот Нагелсман ќе биде без дефанзивецот Лука Ернандез бидејќи Французинот се опоравува од повредата на коленото и според медиумите тренира само индивидуално.