Црвена Звезда на прагот да заработи над 6 милиони евра

Црвена Звезда го победи Клуж со 4:0 во првиот натпревар од плеј-офот за Лига Европа.

Српскиот шампион се најде во ова натпреварување откако во третото претколо за Лигата на шампионите беше елиминиран од Шериф, шампионот на Молдавија.

Првиот дел од двомечот „вреден“ 6,6 милиони евра, колку што Звезда може да заработи со пласманот во групната фаза, првакот на Србија го доби уверливо на свој терен против првакот на Романија.

Стрелци беа Милан Павков, Александар Катаи, Ел Фарду Бен и Мирко Иваниќ.

Звезда за возвратниот натпревар во Клуж наредниот четврток ќе има огромна предност.