Скокна акциите на Манчестер Јунајтед по трансферот на Роналдо

Ефектот наречен Кристијано Роналдо му донесе голем бенефит на Манчестер Јунајтед уште по првиот ден на потврдата на трансферот. По официјалната потврда од клубот дека Португалецот се враќа во дресот на тимот од „Олд Трафорд“, вредноста на клупските акции се зголемила за 8%.

Статистиката вели дека и официјалните профили на клубот на социјалните мрежи добиле милион следачи плус откако е објавена веста за доаѓањето на Роналдо.