Кому седумката на „Олд Трафорд“?

Манчестер јунајтед ќе мора да донесе одлука за тоа кој ќе ја носи легендарната „седумка“ на „Олд Трафорд“ оваа сезона.

Бројот седум е заштитен знак на Роналдо, но тој број има посебна тежина и на „Театарот на соништата“ затоа што во историјата го носеа голем број легенди како Ерик Кантона, Џорџ Бест и Дејвид Беакм.

Интересно е тоа што Премиерлигата на својот официјален сајт ја додели „седумката“ на двајцата фудбалери. На профилот на играчите на Кавани и Роналдо и двајцата го имаат истиот број, но Јунајтед уште не реши официјално чиј ќе биде бројот.

Постои можност да си замине и Ентони Марсијал, па неговиот број да го добие Кавани, а бројот седум да му припадна на Роналдо, но засега ништо не е познато.