Испишана историја во Премиерлигата!

Со победите на Тотенхем над Ватфорд и поразот на Арсенал против Манчестер Сити, се промени историјата во Премиерлигата.

Имено, по првпат во постоењето на ова натпреварување, Тотенхем викендот го заврши на првото место, а Арсенал како последнопласиран. Целосен контраст владее помеѓу двата тима на стартот на сезоната. Тотенхем има три победи, меѓу кои и онаа над Манчестер Сити, а Арсенал има три порази, меѓу кои е и дебаклот од споменатиот Сити.

И покрај тоа што потрошија најмногу од сите европски клубови ова лето, барем засега, Арсенал не поседува конкретен стил на игра, ниту засилувањата во видот на Бен Вајт, Арон Ремсдејл, Мартин Едегард, Алберт Самби Локонга и Нуно Тавареш покажаа зошто се доведени. Се уште е рано да се прогнозира, но делува дека оваа сезона ќе биде една од оние во кои навивачите на Арсенал ќе немаат многу причини за радост.

Од друга страна, Тотенхем ги одбиваше сите налети на Манчестер Сити за Хари Кеј и како што стојат работите, капитенот ќе остане во лондонскиот клуб, иако имаше желба да замине.