Наковска Бикова остана без финале во дисциплината 25 метри пиштол
Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова денеска во вториот настап во стрелаштво не успеа да обезбеди уште едно финале.
Во дисциплината 25 метри пиштол, класа СХ1, мешано, таа имаше одличен старт во натпреварите во прецизност каде со 290 круга беше второпласирана, но во втората дисциплина Рапид или брзо стрелање остана на деветтото место и за само една позиција не успеа да се најде во осумте патници во финалните дуели.
Наковска Бикова во својот прв настап на Параолимписките Игри во Токио го освои шестото место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, а сега за два дена и преостанува и последниот настап на 50 метри пиштол мешано.