Санчез е прекуброен во Интер, клубот во јануари го продава
Интер има намера да се раздели со напаѓачот Алексис Санчез во зимскиот преоден рок. „Кориере дело Спорт“ објави дека италијанскиот шампион е подготвен дури и бесплатно да го ослободи 32-годишниот Чилеанец, кој во најголемиот дел о дпрестојот во Милано беше повреден.
Договорот на Санчез со Интер е со важност до 2023 година. Напаѓачот заработува 7 милиони евра годишно во клубот и неговото заминување би било големо олеснување за касата на миланезите.
Во август, беше објавено дека Санчез може да се пресели во турски Фенербахче, но договорот никогаш не се оствари. Турскиот клуб му понуди на играчот само половина од платата, што очигледно беше пречка за финализирање на трансферот.