Суарез откри заради кои луѓе си замина од „Камп Ноу“
Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, кој сега ги брани боите на Атлетико Мадрид, изјави дека некогашниот прв човек на Каталонците и тренерот, Роналд Куман, го третирале како мало дете.
„За моето заминување еднаква одговорност имаат поранешниот претседател Бартомеу и Куман кој со мене се однесуваше како да имам 15 години. Што се однесува до актуелната ситуација, војната меѓу Лапорта и Куман влијае во соблекувалната –потенцира Уругваецот.
Суарез воедно проценува дека легендарниот играч на Каталонците, Чави, не треба да се врати на „Kамп Ноу“ во улога на тренер бидејќи целата ситуација е крајно компликувана.