Пјаниќ: Барса е во криза заради Роналд Куман
Фудбалерот на Барселона, Миралем Пјаниќ, кој беше испратен на позајмица во Бешикташ, отворено проговори за лошата ситуација на стадионот – „Кам Ноу“. Тој во разговор за – „Беин Спорт“ истакна дека најверојатно Куман е главниот проблем во шпанскиот тим и дека тоа треба веднаш да се промени со ново име на клупата.
„Барселона поминува низ тежок период. Јасно е дека навивачите се разочарани од резултатите и тоа прави притисок врз фудбалерите. Таму треба да има вистински лидер“, вели Пјаниќ.
Интернационалецот од БиХ има кој одиграно 30 натпревари за Барса, има договор со каталонскиот клуб до 2024 година.