Влаховиќ и Фиорентина не постигнаа согласност за нов договор
Душан Влаховиќ ги одбил понудите на италијанскиот клуб, а тоа го потврди и првиот човек на Фиорентина.
„Влаховиќ не ја прифати нашата голема понуда за продолжување на договорот. Преговаравме со месеци, готово е“, изјави Роко Комизо. Понудата од Фиорентина изнесуваше четири милиони евра по сезона со што Србинот имаше можност да стане најплатениот играч во историјата на клубот од Фиренца.
Договорот на српскиот фудбалер му истекува во јуни 2023 година. Преговорите долго се водеа, скоро цело лето се пишуваше и за заминување, но тоа не се случи. Влаховиќ минатата сезона го предводеше нападот на Фиорентина со 21 гол на 37 натпревари во Серија А. Во актуелната продолжи во ист ритам и веќе постигна шест гола на осум натпревари.
Помеѓу најсериозните кандидат за доведување на Влаховиќ е Јувентус.