Манчестер Сити му нуди нов договор на Стерлинг
Екипата на Манчестер Сити нема намера да се раздели од Рахим Стерлин, и покрај гласините дека репрезентативецот на Англија сака да си замине од клубот, иако му остануваат уште две години од постоечкиот договор.
Во последниве две сезони, Стерлинг го изгуби статусот на незаменлив член во екипата и веднаш се појавија шпекулации дека Барселона тргнува во негово купување во јануарскиот преоден рок.
Меѓутоа, од тимот од Манчестер најавија дека ќе ги блокираат сите обиди од страна на Барса и се спремни да му понудат нов договор со подобрени финансиски услови.