Хари Мегваер надвор од теренот подолго од очекуваното
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, кој во моментов се опоравува од повреда, како што пренесува англискиот „Скај Спортс“, за неговото враќање на теренот ќе треба да се почека подолго од првично предвиденото.
Англискиот репрезентативец се очекуваше да се врати на теренот навреме за дербито со Ливерпул, закажано на 24 октомври, но според најновите информации дефанзивецот ќе го пропушти тој дуел, како и натпреварите со Аталанта и Тотенхем.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер, ќе има сериозни проблеми со екипирање на одбраната во следните неколку недели.