Баерн Минхен ја критикува ФИФА околу планот за Светски првенства на две години

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, е најновото фудбалско име која ја критикуваше идејата на ФИФА за одржување на светски првенства на секои две години, велејќи дека „никогаш не треба да го жртвувате фудбалот заради финансиските интереси“.

„Играчите, тренерите, сите оние што се одговорни во клубовите, се жалат на премногу натпревари    и сега бројот на натпревари со Светското првенство повторно ќе се зголеми? Едноставно нема логика во ова. Треба да размислиме за здравјето на играчите “, изјави Хајнер за германскиот магазин„ Кикер “.

Хајнер додаде дека ФИФА не треба да ја расипува досегашната пракса на одржување  на светските првенства на секои четири години. „Овој временски распоред е докажан многу децении наназад. Светското првенство е еден од најголемите спортски настани во светот – и има причини за тоа“, изјави претседателот на баварскиот гигант, кој е шесткратен европски клупски шампион.