Ван де Бек сака во Реал Мадрид оваа зима

Дони ван де Бек е уморен од чекање шанса да се пробие во првиот тим на „црвените ѓаволи“. 24-годишниот Холанѓанец веќе бара нов клуб за продолжување на кариерата. Интересно, тој се сврте кон Реал Мадрид, тврдат одредени медиуми во Англија.

Ван де Бек никогаш не можеше да го убеди Оле Гунар Солскјер почесто да биде во составот на Манчестер Јунајтед. Минатата сезона одигра само 19 натпревари во Премиерлигата, а од почетокот на тековната сезона забележа скромни шест минути на теренот. Затоа Холанѓанецот веќе гледа кон излезната врата на „Олд Трафорд“.

Тој му наложи на својот агент да се обиде да договори трансфер во Реал Мадрид. Од друга страна Реал Мадрид имаше интерес за Ван де Бек пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Сега играчот се надева дека интересот сеуште постои. Холанѓанецот верува дека може да се бори за поголема минутажа на „Сантијаго Бернабеу“, особено доколку се оствари планот да си заминат Иско и Дани Себаљос.

Од друга страна, конкуренцијата во средниот ред на Реал Мадрид останува доста сериозна, особено по доаѓањето на Едуардо Камавинга, кој стана миленик на Карло Анчелоти.