Рио Фердинанд заврши во болница после дебаклот на Манчестер Јунајтед од Ливерпул
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, е примен на интерно одделение во болница во Манчестер после “петардата“која “црвените ѓаволи“ ја добија на Олд Трафорд од големиот ривал Ливерпул.
Поранешниот капитен на Јунајтед се јави на социјалните мрежи преку Твитер објава “Тие 60 минути ме испратија во болница“.
Фердинанд не кажа повеќе детали за здравствениот проблем, но се претпоставува дека станува збор за хипертензија.