Де Јонг се повреди на „Ел класико“
Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, на натпреварот против Реал Мадрид заработи повреда на бутниот мускул, соопштуваат од каталонскиот клуб.
Де Јонг настапи на дерби натпреварот против Реал Мадрид кој Барселона го загуби со 2:1, но беше заменет во 77. минута од соиграчот Серхи Роберто.
После средбата, клубот од “Ноу Камп“ излезе со кратко соопштение во кое наведува дека станува збор за истегнување на бутниот мускул, но не прецизираат колку време Де Јонг ќе отсуствува од фудбалскиот терен, меѓутоа извесно е дека Холанѓанецот ќе го пропушти дуелот со Рајо Валекано.