Жанг негира продажба на Интер и вети лојалност кон клубот
Oткако принцот на Саудиска Арабија го купи Њукасл се шпекулираше дека следен клуб кој ќе го купи во Европа би можел да биде Интер, сепак првиот човек на „нероаѕурите“ Стивен Жанг ги негираше таквите шпекулации.
Неодамна Жанг зборуваше на состанокот со акционерите на клубот и појасни повеќе детали за потенцијалната продажба.
„Се појавија многу гласни за продажба на клубот и со тоа се фрла сомнеж на посветеноста на сопствениците на Интер. Ништо од таквите информации не е е точно. Повторувам дека нашата поддршка и посветеност се долгорочни за во иднина“, изјави Жанг.