Барселона го бара Дони ван де Бек на позајмица
Фудбалскиот клуб Барселона во јануари ќе се обиде да го доведе играчот на Манчестер Јунајтед Дони ван де Бек.
24-годишниот ван де Бек никако да добие шанса од тренерот Солскјер за почести настапи во дресот на Манчестер, со што станува јасно дека не е во плановите на Оле. Поради овие причини, Дони ван де Бек му наложи на својот нов менаџер да му побара клуб каде ќе биде стандарден играч.
Според информациите од медиумите во Шпанија, Барселона ќе се обиде да го добие Холанѓанецот како позајмен играч во јануарскиот преоден рок со можност за негово купување.