Челзи и Жоржињо преговараат за нов договор, двете страни далечни од согласност

Жоао Сантош, агентот на играчот од средниот ред на Челзи, Жоржињо, изјави дека лондонскиот клуб се уште не започнал преговори за нов договор со фудбалерот.

„Уште немаме никакви преговори за продолжување на договорот. Договорот е со важност до јуни 2023 година. Можеби преговорите ќе започнат во наредните месеци“, изјави Сантош.

Жоржињо се пресели во Челзи во летото 2018 година од Наполи, за кој играше четири години. Трансферот изнесуваше 57 милиони евра, а претходно Жоржињо ги бранеше и боите на италијанска Верона. Од 2016 година е повикан во репрезентацијата на Италија. Во сезоната 2021/2022, 29-годишниот Италијанец одигра 18 натпревари, постигна четири гола и една асистенција.