Рафаел Бенитез пред отказ во Евертон

Тренерот на Евертон, Рафа Бенитез, е блиску до добивање отказ од тренерската позиција после тешкиот пораз на неговата екипа во градското дерби со Ливерпул, кое заврши 1:4.

Според информациите од Англија, управниот одбор на Евертон веднаш по поразот во Мерсисајд дербито,одржал итен состанок на кој се расправало за можноста да му се врачи отказ на шпанскиот тренер.  Подетални информации во врска со одлуката која ја донесоа челниците на клубот ќе се знае наредните неколку денови, но голема е веројатноста дека Бенитез нема да го води тимот на средбата со Арсенал овој викенд.

Тимот на Евертон забележа црна серија од 6 порази на последните 7 натпревари, и моментално го зазема 14.место на табелата во Премиер лигата со освоени 15 бода.