Наполи против Аталанта ќе биде без тренер, Спалети заработи суспензија од 2 натпревари
Екипата на Наполи, првенствениот дерби натпревар против екипата на Аталанта ќе го игра без тренерот Спалети кој е суспендиран на два меча.
Дисциплинската комисија на Серија А, го казни Спалети поради недоличното однесување спрема судиите во финишот на средбата со Сасуоло која заврши со нерешен резултат 2:2.
Тренерот на наполитанците најверојатно беше исфрустриран од фактот што неговиот тим остана без победа во 89. минута и поради тоа својот гнев го „истури“ врз судиите на натпреварот.
Спалети суспензијата ќе ја одработи против екипите на Аталанта и Емполи.