Ливерпул му нуди нов договор на Салах, ќе го направи најплатен во Премиер лигата

Ливерпул со нов договор може да го направи египетскиот напаѓач Мохамед Салах најплатен играч во Премиер лигата.

Договорот на 29-годишниот Салах истекува на крајот од следната сезона и Ливерпул ќе мора да работи напорно за да го задржи фудбалерот, пренесува „ЕСПН“.

Ливерпул може да ја зголеми платата на Салах на 592.000 евра неделно, што ќе го направи најплатениот играч во англискиот шампионат. Египетскиот фудбалер за англискиот тим настапува од 2017 година.

Сезонава Салах во сите натпреварувања одигра 24 натпревари и постигна 22 гола и девет асистенции. Ливерпул треба последниот натпревар во 2021 година да го игра против Лестер Сити во Премиер лигата на 28 декември.