ПСЖ заинтересиран за Патрик Шик од Леверкузен
Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен е наводно заинтересиран за голгетерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик.
Шик својата популарност најповеќе ја стекна на изминатото Европско првенство каде имаше одлични партии во дресот на Чешката репрезентација. Тој во моментот е втор најдобар стрелец во Бундеслигата, веднаш зад Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Бившиот играч на Сампдорија, Рома и Лајпциг не крие дека постои интерес од ПСЖ но во моментот тој е фокусиран само на настапите за популарните „фармацевти“.
„Јас и моето семејство сме презадоволни од нашиот престој во Германија. Кариерата ми се движи во одличен правец и во моментот не размислувам за напуштање на Бундеслигата. Дефинитивно, никој не ме присилува да го напуштам Леверкузен но ќе видиме што ќе донесат наредниве месеци“, вели Шик.
Извонредниот Чешки голгетер, од почетокот на сезоната во Бундеслигата, на 18 натпревари има постигнато 16 гола.