Серхи Роберто ја намали платата за да остане во Барселона
Серхи Роберто, е еден од капитените на Барселона, а сега се согласи на драстично намалување на платата.
Според актуелниот договор Роберто заработува девет милиони евра по сезона, меѓутоа сега се согласи за двегодишен договор вреден шест милиони евра. Тоа значи дека во следните две години ќе заработува само третина од она што го има според сегашниот договор.
„Чави сака Роберто и понатаму да биде дел од Барселона. Управата на клубот се сложува, а и Роберто сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Наскоро ќе пристигне и официјалната објава за договорот“, пишува каталонскиот „Спорт“.
Роберто е дете на Барселона, за првиот тим дебитираше уште во 2010 година. Сезонава поради повреда одигра само 560 минути. На терените би требало да се врати на пролет.