Лоренцо Инсиње одлучи да го напушти Наполи

По се изгледа дека нема повеќе дилеми, Инсиње е решен да го напушти Наполи. Тој заминува од клубот после 11 сезони и одиграни преку 300 натпревари.

Неговиот договор завршува во јуни и за него огромен интерес покажуваа екипите на Интер и Милан, како и некои англиски прволигаши. Но Инсиње не може да оддолее на понудата од Канада, односно на членот во МЛС Лигата, Торонто.

Имено фудбалскиот клуб Торонто на 30-годишниот Инсиње му понуди неверојатна плата од 9,5 милиони евра по сезона. За споредба платата на играчот во Наполи е 4,5 милиони евра. 

Инсиње се очекува да ја продолжи успешната приказна на сонародникот Џовинко кој повеќе сезони настапуваше за Торонто и остави одличен впечаток во МСЛ Лигата.