Фенербахче ќе го ангажира Умтити од Барселона

Турскиот гигант Фенербахче, ќе им помогне на Барселона да се ослободи од дефанзивецот Самуел Умтити. Екипата од Истанбул е во потрага по нов тренер но сака и нови засилувања кои ќе му помогнат на тимот да прикажува подобри игри и оствари повисок пласман на табелата.

Челниците на Фенербахче се одлучија за трансфер на Французинот Умтити, кој веќе подолго време не е првотимец на „Камп Ноу“ и по се изгледа дека не е во идните планови на тренерот Чави. Од Барселона би биле задоволни доколку се во можност да се ослободат од играчот за кој издвојуваат прилично висока плата.

Фенербахче на Умтити ќе му понуди ангажман до крајот на сезоната со што играчот би се обидел да направи рестарт на формата и кариерата.