Севиља спрема трансфер бомба со Марсијал од Јунајтед?
Екипата на Севиља, е принудена што побргу да купи напаѓач, бидејќи Мунир и Ен-Несири ќе патуваат на Купот на афрички нации, па тимот на тренерот Лопетеги ќе остане само со Рафа Мир како единствен голгетер.
Според информациите од Скај спорт, спортскиот директор на Севиља, Мончи, ќе проба веднаш по Нова година да го доведе Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед.
25-годишниот Французин, падна во втор план во екипата од „Олд Трафорд“ и постои шанса тој да ја промени средината.
Директорот Мончи верува дека доаѓањето на Марсијал ќе направи разлика во тимот бидејќи иако е млад тој има огромно искуство и гарантира постигнување на голем број голови.