Договорено првото засилување во Њукасл?

По се изгледа, екипата на Њукасл Јунајтед конечно ќе започне со купување на нови засилувања. Медиумите во Англија пренесуваат дека веќе е договорен трансферот на Киран Трипие од Атлетико Мадрид.

31-годишниот англиски репрезентативец, ја игра последната година од договорот со актуелниот шампион на Ла Лига, па евентуална примамлива понуда од Њукасл сигурно би била прифатена од челниците на Атлетико.

Трипие е проценет на околу 20 милиони евра, пари кои реално не би биле проблем за богатите сопственици на Њукасл. Доведувањето на искусниот и квалитетен Англичанец би ги зголемиле шансите на популарните „чавки“ за опстанок во Премиер лигата.