Челзи е клубот кој потрошил најмногу пари за трансфери во 21.век
Според податоците на порталот Трансфермаркт, Челзи е фудбалскиот клуб кој потрошил најмногу пари за трансфери во 21.век.
Лондонскиот клуб, кој од 2003 година е во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, од сезоната 2000/2001, на трансфери на играчи потрошил вкупно 2,4 милијарди евра.
На второ место е уште еден клуб од Англија-Манчестер Сити, со 2,3 милијарди евра, а третото и четвртото место го делат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, кои за овој период потрошиле 2.2 милијарди евра.
На петтото место е италијанскиот Јувентус со 2,1 милијарди евра, а по него следува Манчестер Јунајтед со 2 милијарди евра.
Седми е италијанскиот Интер со 1,7 милијарди евра, колку што потрошил и Париз Сен Жермен кој е осми. На деветтото место е Ливерпул со 1,6 милијарди евра, а десетти е италијанскиот Милан со потрошени 1,5 милијарди евра.
Од сезоната 2000/2001 до денес, Челзи пет пати беше шампион на Англија, 5 пати го освои ФА Купот, 3 пати го освои Лига Купот и Суперкупот на земјата, по два пати Лигата на шампиони и Лига Европа, а во 2021 година беше освојувач на Суперкупот на УЕФА.