Луис Суарез оди во Мајами на Бекам

Дејвид Бекам кој е претседател на фудбалскиот клуб Интер од Мајами, пројавува интерес за доведување на Луис Суарез од Атлетико Мадрид.

Бекам и челниците во клубот не се задоволни од тоа како се развива тимот и од фактот што не успеа да се пласира во плејофот на МЛС лигата. Екипата веќе доведе звучни имиња како што се Игуаин и Матуиди но двајцата не ги оправдаа големите очекувања и можно е нивно заминување од Мајами.

Дејвид Бекам планира да го доведе 34-годишниот Суарез кој ја игра последната година од договорот со Атлетико Мадрид, нудејќи му 2 годишен договор кој финансиски би бил исплатлив за искусниот Уругваец.