Реал Мадрид се откажува од доведување на Пол Погба

Челниците на Реал Мадрид ги прекинаа преговорите со менаџерот Мино Раиола за доведување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Реал Мадрид досега важеше за фаворит за потписот на 28-годишниот Французин, но сепак, клубот одлучи да се откаже од Погба.

Тренерот Карло Анчелоти не инсистира на овој трансфер. Тој верува дека Едуардо Камавинга и Федерико Валверде  се иднината на клубот и можат одлично да ја покријат позицијата на која настапува Пол Погба.

Како што е познато, актуелниот договор на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и тој засега не дава никакви изјави дека сака да остане во Манчестер. За само неколку дена, играчот од средниот ред ќе има право да потпише пред договор со друг клуб, кој ќе стапи на сила ова лето.